Левица денеска ќе го објави референдумското прашање
Референдумското прашање ќе се однесува на бугарските барања, но нема да биде против членството на државата во Европската унија-велат од Левица. Од партијата најавуваат дека иницијативата во Државната изборна комисија за првите иницијални 100 потписи ќе се најде веќе в петок.

Левица денеска ќе го објави референдумското прашање, по најавата дека ќе поднесе инцијатива идната недела во Собранието. Договорот за добрососедство со Бугарија нема директно да биде ставен на изјаснување.
Референдумското прашање ќе се однесува на бугарските барања, но нема да биде против членството на државата во Европската унија-велат од Левица. Од партијата најавуваат дека иницијативата во Државната изборна комисија за првите иницијални 100 потписи ќе се најде веќе в петок.
ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на секоја референдумска инцијатива што се однесува на бугарските барања за кои велат дека значат асимилација на македонскиот народ.
Од власта, пак, сметаат дека ова значи потврда на „антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, во повторен обид неуставно да ги сопре евроинтеграциите“.
Спикерот Џафери минатата недела ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните да се изјаснат за поништување на Законот за ратификација на спогодбата со Бугарија, со образложение дека меѓународните договори не можат да се менуваат со закон.
