Политика

Фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за смена на Мицкоски

21.09.2022 10:06

Прес-конференцијата ќе се одржи точно напладне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави на социјалните мрежи Оливер Андонов, министер за внатрешни работи во пржинската влада пред изборите, предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за смена на Мицкоски од лидерската позиција. Прес-конференцијата ќе се одржи точно напладне пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави на социјалните мрежи Оливер Андонов, министер за внатрешни работи во пржинската влада пред изборите, предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за промени, за вистински личности со интегритет кои ќе ја вратат надежта и иднината во Македонија, што би рекле, време е за мажи во политиката со јасна идеја и визија за Македонија, за сите нас, пред дефинитивно апатијатата и срамот да не убијат како нација, но уште повеќе и како личности- напиша Андонов во својата последна колумна.

Иницијатива за промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаше и пред околу две години, кога повеќе поранешни функционери на партијата, побараа оставка од Мицкоски, но таа замре по неколку месеци.