Криза

Основните прехранбени производи со ограничена маржа до крај на годината

21.09.2022 09:28

Одлуката се носи поради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани- велат од Владата.

Владата, по предлог на министерството за економија, ги продолжи ограничувањата на маржите за трговците со храна до крајот на годинава, до 5 проценти за бел леб, шеќер и сончогледово масло и на 10 насто за брашно, макарони, шпагети, ориз, млеко и јајца.

Одлуката се носи поради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани- велат од Владата.

Евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало, ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци- соопштија од прес службата.