Сè уште нема договор со Бугарија за набавка на струја
Цената што ја нуди Софија била иста со берзанската, опција што не е прифатлива за нас. Преговорите продолжуваат идната недела, кога се очекува Европската унија да донесе одлука за ограничување на цената на струјата на 180 евра за мегават час.
Без успех заврши новата рунда разговори со Бугарија за набавка на струја. Цената што ја нуди Софија била иста со берзанската, опција што не е прифатлива за нас. Преговорите продолжуваат идната недела, кога се очекува Европската унија да донесе одлука за ограничување на цената на струјата на 180 евра за мегават час.
А, пред членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба заради недостиг на електрична енергија и за состојбите на пазарите на електрична енергија. Се бара таа да важи до крајот на април идната година, а да почне од први октомври годинава.
Владата претходно прогласи енергетска криза во траење од еден месец. Проценката е дека ризиците не се надминати, па затоа од Министерството за економија и управувачкиот комитет доставија предлог за продолжување на кризната состојба на целата територија на државата, заради недостиг на струја и состојбите на пазарите- се вели во образложението во предлог-одлуката.
