Свет
Киргистан подготвен да преговара со Таџикистан
21.09.2022 10:37
Џапаров вети дека Киргистан нема да отстапи „ниту педа“ територија.

Претседателот на Киргистан Садир Џапаров изрази подготвеност да преговара со Таџикистан по неодамнешниот конфликт на заедничката граница во кој загинаа околу 100 луѓе.
Џапаров вети дека Киргистан нема да отстапи „ниту педа“ територија. Рече дека околу 140.000 Киргистанци биле евакуирани долж границата со Казахстан за време на конфликтот.
