Турција- Израел
Лапид и Ердоган се сретнаа за првпат од 2008 година
21.09.2022 11:14
Односите меѓу Израел и Турција долго време беа на незавидно ниво поради жестоките спорови за палестинското прашање.

Израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН, за првпат од 2008-ма година.
Односите меѓу Израел и Турција долго време беа на незавидно ниво поради жестоките спорови за палестинското прашање.
Се очекува наскоро двете земји да разменат нови амбасадори.
