Снукер

Одличен снукер во „Крусибл“

21.04.2014 21:49

Вo тек е третиот натпреварувачки ден од свeтското снукер првенство во Шефилд.

Во тек е третиот натпреварувачки ден од свстското снукер првенство во Шефилд. Првата рунда, која што се игра во 10 добиени партии ја краси голема изедначеност и неизвесност. Екс-светскиот првак дури во решавачкиот фрејм против Коуп се проби во второто коло. Максимални 19 фрејмови одиграа и Рајан Деј и Стив Мегваер, Деј имаше победничка завршница.Али Картер исто така мина долг пат против тинејџерот од Кина, Гуодонг. Џо Пери со резултатски пресврт го елиминира Џејсон Барнет. Кен Дохерти беше уверлив против Стјуарт Бингам. Во тек се неколку дуели со можен изненадувачки епилог. Четирикратниот светски шампион Џон Хигинс е во голема негатива против Алан Мекманус, Кинезот Јунгхуи Динг има тежок меч против дебитантот Мајкл Восли.Досега шестмина играчи обезбедија пласман во следната рунда. За второто коло засега е позната само една двојка, а тоа е Рони О, Саливен- Џо Пери.

 

Резултати: 1коло

Пери(Анг)- Барнет(Шко)   10:7

Марфи (Анг) – Коуп (Анг)  10:9

Картер (Анг)- Гуодонг(Кин) 10:8

Дохерти(Ирс)- Бингам (Анг)  10:5

Деј (Велс)- Мегваер (Шко) 10:9

 

Динг (Кин)- Восли (Анг)  до прекинот 9:8

Хигинс(Шкот)- Мекманус(Шкот)   до прекинот 3:6