Деменцијата сè почесто се дијагностицира кај работоспособното население
Заборавањето веќе не е дел на стареењето. Алцхајмерот или тивкиот крадец на спомените како што го нарекуваат лекарите, ако се открие навреме и се третира, пациентите можат да имаат поквалитетен живот. Секој осми пациент над 65 години којшто се јавува кај матичниот лекар може да има деменција. Алцхајмеровата болест е епидемија на 21-ви век…

Кога судбината ќе повлече лош потег, кога ќе се добие дијагнозата Алцхајмер, ударот е голем. Дваесет илјади семејства во земјава се соочени со оваа болест преку свој најблизок. Лекарите велат, границата се поместува, деменција дијагностицираат и кај млади пациенти.
За оние што веќе имаат дијагноза и им треба згрижување и третман во домови или центри, тие недостигаат во државата, иако ги има на хартија во плановите на институциите. Превенцијата е иста како и за другите болести. Здрав начин на живот, социјализација.
Секој осми пациент над 65 години којшто се јавува кај матичниот лекар може да има деменција. Алцхајмеровата болест е епидемија на 21 век.
Наташа Јанчиќ-Менковски
