Сточарство

Сточарите од Малешевијата на протест

21.09.2022 15:35

„Нема африканска чума во Малешевијата, но свињите ќе ни ги уништуваат. Нема да дозволиме такво нешто“ – велат сопствениците од беровско и пехчевско. Од АХВ велат дека постапуваат по одлука од 2018-та за уништување на стоката во одгледувалиштата каде не се практикуваат биосигурносни мерки. Последен случај на заболени свињи е потврден во Карбинци...

Заради превенција од ширење на африканската чума ќе се уништуваат сите свињи во државата кои се чуваат во услови каде не се запазуваат биосигурносните мерки, односно во таканаречените домашни фарми. Одлуката е од 2018 година, но се реализира сега заради реалната опасност од ширење на болеста, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Акцијата стартува во Малешевијата, каде до 20-ти октомври е најавена депопулација во селата во беровско и пехчевско. Сопствениците се затечени од оваа одлука, велат дека опстанокот им е загрозен бидејќи свињите главно ги чуваат за сопствена исхрана. Денес излегоа на мирен протест.

Сточарите бараат надлежните да извршат преглед на стоката. Незадоволни се и со откупната цена на млекото и месото.

До колку не добијат појаснување на одлуката, сточарите од Малешевијата во наредните денови планираат целосна блокада на регионалните патишта.

Славица Величковска