Ковид-19

Регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

21.09.2022 15:45

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 775 тестови, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 68, Прилеп – 6, Куманово и Битола – по 5, Велес и Ресен – по 3, Тетово, Кавадарци и Штип – по 2, Кратово и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција.

Регистрирани се 79 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Куманово и Кавадарци – по 5, Штип и Неготино – по 3, Прилеп и Велес – по 2, Тетово, Берово, Охрид, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Македонски – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.