По деветти пат велешките гимназијалци ја одржаа „Парадата на мирот“
Мотото на годинашната „Парада на мирот“ е „крај на расизмот, да градиме мир“ која се одржа во шест македонски града, а по деветти пат ја организираа велешките гимназијалци...

По деветти пат велешките средношколци од Гимназијата „Кочо Рацин“ ја изведоа „Парадата на мирот“. Тие со пароли со кој се повикува на мир, ја подигаат свеста и кај младите но и кај тие што ја креираат светската политика, дека не сакаат војни, мирот е потребен за развој на младата генерација.
Мотото на годинешната „Парада на мирот“ е „Крај на расизмот, да градиме мир“. Освен велешките гимназијалци се придружија и учениците од хемиското „Димитрие Чуповски“. Организатор на настанот е гимназијата „Кочо Рацин“.
Освен во Велес, „Парада на мирот“ се одржа и во шест други македонски градови-Виница. Македонски брод, Гостивар, Дебар и Скопје. Организатор е „Првата Детска амбасада „Меѓаши“.
Најстарата гимназија во Македонија, велешката „Кочо Рацин“ е единствена која во земјава ги има организирани сите девет „Паради на мирот“.
Петар Печков
