Велигденско тркалање на јајца во Белата куќа
21.04.2014 23:18
Македонската телевизија имаше ексклузивно право да ја посети Белата Куќа и да ги види Велигденските обичаи на Претседателот и неговото семејство. Со музика, спортски напревари и напревар во тркаљање велигденски јајца по 136-ти пат се обележува Велигден во Белата куќа...

Велигденското тркаљање на јајца е најмасовниот настан во Белата куќа. Вториот ден од Велигден традиционално по 136-ти пат се обележа со музика, готватски специјалитети, спортски напревари меѓу НБА и рагби звезди, јога градина и деца коишто се напреваруваат во тркаљање на јајца.
„Задоволни сме што на овој терен има луѓе од цела држава. Тоа лично не прави среќни“, вели Барак Обама-Претседател на САД.
„Среќен Велигден! Прекрасно е што ве има толку многу овде за прославата на Велигден по 136-ти пат“, вели Мишел Обама-Прва дама на САД.
На јужниот тревник околу 30 илјади гости и официјални лица од американската политика го обележуваа Велигден оваа година под мотото на Првата дама Мишел Обама, Ајде да се движиме и скокнеме во здрав живот.
„Мојата сопруга не пријави за лотарија и моето име беше извлечено. Навистина среќен ден...Сакам да го видам Обама и негвото семејство...“ се дел од изјавите на луѓето.
На тревникот од Белата куќа се одржа и вистинска НАСКАР автомобилска трка, а освен Велигденското зајаче, најмладите можеа да ги видат и костиминираните Чарли Браун, Снупи, Звончица, Капетанот Кук, Спајдермен и Претседателите тркачи Абрахам Линколн, Џорџ Вашингтон, Теодор Рузвелт, Вилијам Хауард Тафт и Томас Џеферсон.
Традицијата за отворање на Белата куќа за Велигденското тркаљање јајца повторно е воспоставена од Претседателот Роналд Реган и неговата сопруга Ненси.
Ирина Гелевска
