Расправа за кризната состојба во енергетиката
Почна дебатата за предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба поради недостиг на електрична енергија. Претходно во Комисијата за одбрана и безбедност ВМРО-ДПМНЕ побара да се расправа за премиерот Ковачевски. Мнозинството одговори – Комисијата не може да расправа за здравствена состојба на државните функционери...

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за електричната и топлинската енергија во земјава до 30-ти април 2023 година. Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, продолжувањето на рокот е поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите со електрична енергија, а целта е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлуката е добра, но задоцнета. Клучна забелешка на опозицијата за енергетската криза е дека народот и стопанството плаќаат многукратно повисока цена за струјата, но не само поради руско-украинскиот воен конфликт, туку и поради институциите кои не можат да испорачаат соодветни решенија.
Претходно во Комисијата за одбрана опозицијата предложи да побара информација од Министерството за одбрана, за премиерот Ковачевски, за кој како што велат, биле објавени документи во јавноста за избегнување на воениот рок.
Парламентарното мнозинство го одби ова барање со образложение дека Комисијата не е надлежна да бара од ниту една институција извештај за здравствената состојба на државните функционери.
Одлуката треба за продолжување кризната состојба за електричната и топлинската енергија треба да почне да се применува од 1-ви октомври, со траење од седум месеци.
Игор Панов
