Tутунарите ги потпишаа договорите за откуп

22.04.2014 09:18

Потпишани речиси сите договори за откуп на тутун. Во најголемиот дел се почитува барањето за намалување на произведените количествата за 17 проценти...

Без да се намали бројот на тутунарите, се потпишаа  договорите за новото производство на тутун. Годинашнaва реколта ќе тежи помалку  за 17 проценти.

Заштитена  е најранливата категорија од   скоро 10.700 тутунари   со  максимален принос до 500 килограми . 13.800-тини со производство  до 1.000 килограми ќе треба да произведат за пет, а поголемите за 20 проценти помалку тутун.

Проблемот е резултат на намалената побарувачка на суров тутун на светскиот пазар и  притисок  врз  големите компании за редуцирање на откупот.

Годинава се планира да се откупат  до 26.000 тони, но според Сојузот на тутунопроизводителите ниските температури во Април може да го оштетат веќе поникнатиот расад.

 

Методија Трајков