Свет
Нов силен земјотрес повторно го погоди Мексико
22.09.2022 09:38
Силен земјотрес од 6,8 степени по Рихтер повторно го погоди Мексико, на само неколку дена од потресот во кој загинаа две лица, а оштетени беа над стотина згради...

Силен земјотрес од 6,8 степени по Рихтер повторно го погоди Мексико, на само неколку дена од потресот во кој загинаа две лица, а оштетени беа над стотина згради.
Жителите на главниот град Мексико Сити излегоа на улиците по силниот потрес и огласувањето на сирената за опасност. Според властите, засега нема податоци за материјална штета.
