САД

Продолжува прегледот на документите запленети на имотот на Трамп

22.09.2022 09:56

Американското Министерство за правда може да продолжи со разгледување на доверливите документи запленети од ФБИ од имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, додека трае жалбената постапка, реши Федералниот суд...

Американското Министерство за правда може да продолжи со разгледување на доверливите документи запленети од ФБИ од имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, додека трае жалбената постапка, реши Федералниот суд.

Доналд Трамп е под истрага од Министерството за правда за чување владини документи, од кои некои се класифицирани како високо доверливи, вклучително и строго тајни документи на неговиот имот во Палм Бич, откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година.