Култура

Европски денови на културно наследство

22.09.2022 11:50

Европските денови на културното наследство низ цела Европа фрлаат светлина на одржливото наследство. Се очекува сеевропската тема „Одржливо наследство“ да поттикне анализи и иновативни процеси на вреднување на различностите, како и стремеж за благосостојба на заедниците...

Денес во Музеј на РС Македонија со отворање на изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“ започна традиционалната манифестација „Европски денови на културно наследство“.

Европските денови на културното наследство низ цела Европа фрлаат светлина на одржливото наследство. Се очекува сеевропската тема „Одржливо наследство“ да поттикне анализи и иновативни процеси на вреднување на различностите, како и стремеж за благосостојба на заедниците, на патот кон одржлив развој. Повеќе од 50.000 настани што ќе се реализираат годинава низ целиот континент, имаат за цел да ја препознаат вредноста на заедничкото европско наследство и потребата тоа да се сочува за денешните и идните генерации.

По дваесет и седми пат сме дел од овој најголем европски проект посветен на наследството. Во рамките на манифестацијата, ќе бидат организирани отворања на изложби, работилници, перформанси, едукативни активности и организирани посети со водичи, со учество на триестина музеи, граѓански здруженија, училишта и други институции од четиринаесет градови и села во нашата држава.