Денеска се одбележува Денот на планетата Земја

22.04.2014 09:26

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот...

Во светот денеска со низа манифестација се одбележува Денот на планетата Земја - 22 Април. По тој повод ОН ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.
 
„Повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат“, се вели во пораката од свеската организација.
 
Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.
 
ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.