Свет

Камбоџа: Осуден последниот жив водач на Црвените кмери

22.09.2022 12:07

Камбоџанскиот Трибунал на Црвените кмери, поддржан од ООН, ја отфрли жалбата на пресудата за геноцид од последниот преживеан водач на комунистичката група, Кие Сампан...

Камбоџанскиот Трибунал на Црвените кмери, поддржан од ООН, ја отфрли жалбата на пресудата за геноцид од последниот преживеан водач на комунистичката група, Кие Сампан. Тој беше осуден во 2018-та година за геноцид, поради убиства на виетнамското малцинство во земјата.

Советот на Врховниот суд на Трибуналот го потврди неговиот доживотен затвор. Трибуналот потроши 337 милиони американски долари и 16 години за да го осуди.