Здравство

Пациентите со хронична миелоична леукемија без навремена терапија

22.09.2022 13:58

Пациентите со хронична миелоична леукемија постојано се под стрес, дали ќе ја продолжат терапијата, се жалат од здружението. Надлежните велат, процедурите мора да се запазат, лековите се скапи, се работи за мал број пациенти и фармациските компании немаат економска исплатливост брзо да не услужат...

На Зоран Ристовски од Скопје, пред 26 години му е констатирана хронична миелоична леукемија. Сите терапии ги поминал, и по неколку животозагрозувачки состојби, со лекови се спасил. Новите генерации лекови го одржуваат во живот. Но, повеќе од еден месец ги нема. За да не се вознемирува дополнително вели, не оди ниту на преглед на Клиника за хематологија.

Недостиг на одредени лекови кои не се на позитивна листа се провлекува веќе четири – пет години, велат од Здружението на пациенти со хематолошки проблеми.

Тендерите се завршени, но бидејќи Македонија е мал пазар, големите фармацевтски брендови немаат свои претставништва во земјава, рокот на испорака се пролонгира, велат здравствените власти.

Речиси 30 здруженија на пациенти се во неизвесност, поради законските регулативи немаат навремена терапија која ги доведува во животозагрозувачка состојба.

Наташа Јанчиќ Менковски