Прилепскиот музеј со повеќе настани ја одбележува Европската недела на културното наследство
Од денеска до 27-ми септември прилепскиот музеј со повеќе настани и четири големи проекти е вклучен во европската недела на културното наслество. Дел се од 70.000 европски настани во 20 земји. Неопходна е интеракција со граѓаните зашто малку се знае за богатството со кое располагаме. Од музејот тврдат дека имаат доволно стручен кадар за заштитата на непроценливната културна оставнина...

Уметниците во музејот, археолошките наоди на увид, креативна работилница, историски споменици, едукација за заштита на недопирливото културно наследство. Прилепскиот завод и музеј ја почна европската недела на културното наследство со четири големи проекти.
Интеракцијата со граѓаните мора да се воспостави зашто треба да се знае за богатото културно наследство. Културното наследство е непресушна инспирација за уметниците.
Иако шестмина заминаа в пензија, од музејот уверуваат дека имаат доволно стручен кадар во заштитата.
Европската недела на културното наследство е до 27-ми септември.
Елизабета Митреска
