Пендаровски: Системот на санкции на дискриминирачки говор е недоволен
Клучно е, сите оние кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни за одговорноста на напишаното или кажаното, порача шефот на државата Пендаровски на трибината посветена на дискриминирачкиот говор во дигиталните медиуми...

Клучно е, сите оние кои се кријат зад удобноста на тастатурата да бидат свесни за одговорноста на напишаното или кажаното, порача шефот на државата Пендаровски на трибината посветена на дискриминирачкиот говор во дигиталните медиуми. Споделувајќи го личното искуство, претседателот вели дека во 31 година независност, неодамна прв пат се случило политичар јавно да опцуе претседател на држава, но и висок партиски функционер да дисквалификува поради физички изглед.
Пендаровски смета дека системот на санкции е недоволен и повика без одложување да се понудат соодветни решенија.
Како можно решение, експертите предлагаат воведување на таканаречена модерациска политика, со која од јавниот простор ќе бидат избришани недоличните коментари, но не и конструктивната критика.
Од Комисијата за заштита од дискриминација велат дека најголемиот број на претставки доаѓаат токму поради вознемирувачкиот говор.
Анита Димитријевска – Велковска
