Продолжува кавгата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ
Арсовска ги демантира информациите дека Обвинителството без најава било во Град Скопје барајќи одредени документи за работата на градот. Манипулации пласирани од политички центри, вели Арсовска, притоа нагласувајќи дека МВР и Обвинителството ја прегледуваат документацијата во „Водовод и канализација“.

Продолжува кавгата меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска ги демантира информациите дека Обвинителството без најава било во Град Скопје барајќи одредени документи за работата на градот. Манипулации пласирани од политички центри, вели Арсовска, притоа нагласувајќи дека МВР и Обвинителството ја прегледуваат документацијата во „Водовод и канализација“.
Откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека новиот директор на Водовод, Марјан Митовски е назначен од скопската градоначалничка, има и друга функција како член на управен одбор во „Улици и патишта“ што е недозволиво, опозициската партија до Антикорупциска поднесе претставка. Комисијата треба да постапи по претставката и да го почитува законот што градоначалничката Арсовска го прекршила, рече Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
По поддршката на изборите следуваше политички развод меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, со меѓусебни обвинувања за местење тендери и непочитување на договорените проекти во интерес на граѓаните.
Миле Ристески
