Бројот на жртви во немирите се искачи на 31 лице
Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини...

Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини.
„Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците кои ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството, на кои треба одлучно да се дејствува“, соопшти гардата, а изрази и сочувство до семејството на Амини.
Демонстранти во Техеран и во други ирански градови денеска запалија полициски станици и возила. Причината за немирите низ Иран е смртта на Амини, убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми.
