Ракомет

Савевски го објави изборот за контролите со Норвешка

22.09.2022 21:54

Наближува Европското првенство 2022 чијшто коорганизатор ќе биде Македонија, па селекторот Љубомир Савевски ќе ја тестира формата на ракометните репрезентативки на две пријателски средби со норвешка во Скопје, првата на 29-ти овој месец, втората на први октомври...

Наближува Европското првенство 2022 чијшто коорганизатор ќе биде Македонија, па селекторот Љубомир Савевски ќе ја тестира формата на ракометните репрезентативки на две пријателски средби со норвешка во Скопје, првата на 29-ти овој месец, втората на први октомври.

На собирот за ЕХФ неделата се поканети 19 ракометарки, осум од нив интернационалки.

Црвено-жолтиот дрес ќе го носат: Мицевска, Јовановска, Чурлиновска, Саздовска, Ризоска, Ристевска, Дукоска, Џатевска, Дабевска, Коловска, Гичевска, Јанкуловска, Стојковска, Јанеска, Арсениевска, Коцева, Штериова, Божиновска и Младеновска.

Тони Стојановски