Македонија
Инцидент во автобус на ЈСП во Кисела Вода
22.09.2022 22:04
Вечерва се случил инцидент во автобус со број 51 на ЈСП, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници, најверојатно ученици...

Вечерва се случил инцидент во автобус со број 51 на ЈСП, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници, најверојатно ученици.
Околу автобусот, кој стоеше на коловозна лента пред споменикот на Тодор Александров, собрани беа неколку десетици млади луѓе, а на местото пристигна и тим на интервентната полиција.
Од МВР сè уште нема официјална информација за настанот.
