МВР

181 санкција за брзо возење

23.09.2022 10:29

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното а две возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, 103 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.