Македонија
Нема лекарска грешка во третманот на 25-годишниот пациент од Берово
23.09.2022 10:49
Според извештајот кој му бил доставен од комисијата, на младиот беровец навремено му била дадена лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

Нема лекарска грешка во третманот на 25-годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во штипската Клиничка боленица. Ова е заклучокот на стручната комисија, формирана од министерот Беким Сали.
Според извештајот кој му бил доставен од комисијата, на младиот беровец навремено му била дадена лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.
Анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција треба да покажат што ја предизвикало сепсата кај пациентот. Извештајот го чека и Обвинителството, кое отвори предмет по допрен глас.
