МВР
83 санкционирани возачи на мотоцикли
23.09.2022 11:10
Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 83 возачи...

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 83 возачи, од кои 33 биле исклучени од сообраќај.
Од нив, 59 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, соопштуваат од МВР.
.
