Иранскиот претседател најави истрага за смртта на 22-годишната девојка
По смртта на младата Махса Амини низ цел Иран избија масовни протести во кои загинаа најмалку 31 лице. Амини била приведена и претепана од полицијата за морал бидејќи наводно не носела правилно хиџаб, по што Амини паднала во кома и починала.
По смртта на 22 годишната девојка иранскиот претседател најави истрага. Им вети на граѓаните дека истрагата ќе биде отворена, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил траги на насилство од страна на полицијата.
По смртта на младата Махса Амини низ цел Иран избија масовни протести во кои загинаа најмалку 31 лице. Амини била приведена и претепана од полицијата за морал бидејќи наводно не носела правилно хиџаб, по што Амини паднала во кома и починала.
Убиството на младата Амини го осудија Обединетите нации, Европската унија и САД.
