Ковид- 19
Јапонија ги отвора границите по две години
23.09.2022 12:08
Од 11-ти октомври годинава туристите ќе можат да ја посетуваат земјата без виза и повеќе нема да мора да одат преку туристичка агенција. Дополнително, ќе се укине и ограничувањето на дневните пристигнувања.

По две години од пандемијата на коронавирус, Јапонија повторно ќе ги отвори границите за вакцинирани странски туристи. Од 11-ти октомври годинава туристите ќе можат да ја посетуваат земјата без виза и повеќе нема да мора да одат преку туристичка агенција. Дополнително, ќе се укине и ограничувањето на дневните пристигнувања.
Посетителите сепак ќе треба да го докажат својот статус дека се три пати вакцинирани и да достават негативен резултат од тест за ковид за влез.
