Прилепскиот суд со неколку судии, можно е застарување на делата
Судовите се соочуваат со недостиг од судии, а во прилепскиот Основен суд ситуацијата се оценува како најтешка. Голема е опасноста од застарување на делата. На потег е Судскиот совет...

Прилепскиот Основен суд е во алармантна ситуација. Се бројат на прсти судиите кои ќе работат на граѓанските, а уште потешка е ситуацијата со кривичните предмети. Судиите заминаа во пензија.
И другите судови се соочуваат со проблемот ама во Прилеп ситуацијата се оценува за алармантна. Лани судот, со скопска единица беше најажурен. Проблемот со недостиг од судии уште сега се чувствува.
Судскиот совет треба итно да најде решение. Пропуст е што не се прифатија сугестиите од Европската комисија. Незавидна е ситуацијата и во обвинителството.
Сега за граѓаните е посилна молитвата, да не се случи некој да влезе во судските лавиринти.
Елизабета Митреска
