Македонија

Се бара поголема транспарентност од институциите, Владата подготвува нов закон

23.09.2022 12:54

Невладиниот сектор и медиумите најчесто се интересираат како институциите ги трошат јавните парите. Се бара поголема транспарентност од оние коишто ги плаќаме со нашите средства. Владата подготвува нов закон…

Како институциите ги трошат јавните парите, кои луѓе ги предводат, кој раководи со надзорните и управните одбори – ова се дел од најчестите прашања поставувани од граѓанските организации и медиумите. Но, дел од нив потфрлаат. Се бара поголема транспарентност од оние коишто ги плаќаме со нашите средства. Ќе има нов закон.

Од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер велат дека се трудат да ги намалат барањата за пристап до информациите.

По направена анализа, најмногу барања за информации имало за надлежните во здравството, земјоделството и јавните финансии.

Наташа Гркова-Петрушевска