Попладнево продолжува комисиската расправа за енергетската кризна состојба
Според ВМРО –ДПМНЕ, причина за лошата состојба со струјата е поради недомаќинското работење на владата и намаленото производство. Власта уверува-рестрикции нема да има, снабдувањето ќе биде непречено.

Попладне е најавено ново продолжение на комисиската расправа за предлог-одлуката за продолжување на енергетската кризна состојба. Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања.
Според ВМРО –ДПМНЕ, причина за лошата состојба со струјата е поради недомаќинското работење на владата и намаленото производство. Власта уверува-рестрикции нема да има, снабдувањето ќе биде непречено.
Предлог-одлуката треба да помине и на пленарна седница. Спикерот Џафери предупреди дека крајниот рок за изгласување на одлуката за продолжување на енергетската кризна состојба е 28-ми септември. Владата бара таа да важи до 30-ти април идната година.
