Прилеп

Експерти ќе ги согледуваат состојбите на Трескавец

24.09.2022 09:45

Домашни и странски експерти ќе почнат да анализираат и да бараат решение за најголемиот проблем што може да го уништи непроцеливото богатство на манастирската црква во Трескавец. Потребно е да се надминат и бирократските процедури за манастирскиот водовод без кој и по десет години од пожарот не може да се стават во употреба обновените конаци...

Домашните експерти од денеска, а од ноември и грчки експерт ќе ја согледуваат состојбата во која е црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 12-ти век во манастирот Трескавец. Научниците неодамна предупредија- влагата неповратно ќе уништи непроценливо наше, и светско културно богатство.

Од прилепскиот Завод и музеј уверуваат дека од Министерството за култура има големо разбирање.

Бирократските процедури ја одложуваат изградбата на водоводот и канализацијата без кои не се во употреба обновените конаци. Поект има повеќе од една деценија и 100.000 евра за изведба. Бавната динамика на проектите ја става во опасност црквата.

Поминаа речиси 10 години од последниот катастрофален пожар во кој изгореа манастирските конаци, а 18 години континуирано има проекти за светски познатиот Трескавец.

 

Елизабета Митреска