Балкан

НАТО го засилува резервниот состав на КФОР на Косово

23.09.2022 14:49

НАТО го засилува резервниот состав на КФОР на Косово пред истекот на рокот за регистарските ознаки. Мерката од Владата на Приштина, предизвика тензии меѓу српското население и беше одложена под дипломатска интервенција на САД....

НАТО го засилува резервниот состав на КФОР на Косово пред истекот на рокот за регистарските ознаки. Мерката од Владата на Приштина, предизвика тензии меѓу српското население и беше одложена под дипломатска интервенција на САД.

Белград тврди дека е под силен притисок од западот да ја признае независноста на Косово. Во меѓувреме, албанскиот премиер Рама му изрази поддршка на својот косовски колега Курти кој изјави дека од Србија не очекува самопризнание туку и извинување.