Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

24.09.2022 08:50

Дури и неговата градоначалничка Данела Арсовска јавно кажа дека Мицкоски знаел детали од тендерот кој не би смеел да ги знае, но Мицкоски се уште молчи, соопштуваат од владејачката СДСМ.

Христијан Мицкоски упорно молчи за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје. Дури и неговата градоначалничка Данела Арсовска јавно кажа дека Мицкоски знаел детали од тендерот кој не би смеел да ги знае, но Мицкоски се уште молчи, соопштуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму велат- тендери, влијанија и бизнис интереси, тоа му е единствено важно на шпицниот градоначалник Мицкоски.

Уште еднаш се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која нема намера да работи за граѓаните туку само да ги краде нивните пари, стои во соопштението.