КИНА
Пекинг: САД праќаат опасни сигнали за Тајван
24.09.2022 13:31
Пекинг ги обвини САД дека испраќаат опасни сигнали до островот кој го сметаат за дел од кинеската територија.

„Тајванското прашање е кинеска работа, а Вашингтон нема право да се меша во однос на методата која ќе се користи за негово решавање“, порача кинеското МНР.
Пекинг ги обвини САД дека испраќаат опасни сигнали до островот кој го сметаат за дел од кинеската територија.
Коментарот следува по средбата на американскиот државен секретар Блинкен и неговиот кинески колега Ји на која американската страна потенцирала дека мирот и стабилноста се од витално значење.
Според Пекинг, колку се поотворени активностите за независност на Тајван, толку е помала веројатноста за мирно решение.
