Политика

Ковачевски: Погрешно е што ВМРО-ДПМНЕ се противи на членството во ЕУ и стратешките интереси на државата

24.09.2022 14:59

Премиерот Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ изрази загриженост за како што вели неодговорното однесување на опозицијата која со Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за МТВ вели дека ќе чека иницијативата за референдум на Левица и нивното образложение официјално да влезат во парламентот, а потоа партијата ќе го соопшти и официјалниот став...

Апсолутно погрешно е што ВМРО-ДПМНЕ се противи на членството во ЕУ и стратешките интереси на државата, вели премиерот Ковачевски. Во интервју за „Гласот на Америка“ изрази загриженост за како што вели неодговорното однесување на опозицијата која со Левица се обидува да го запре процесот на евроинтеграциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за МТВ вели дека ќе чека иницијативата за референдум на Левица и нивното образложение официјално да влезат во парламентот, а потоа партијата ќе го соопшти и официјалниот став. Вели, сега не е добро да се отвори Уставот, бидејќи со тоа според него ќе се отвори и вратата на сите проблеми.

Мицкоски останува на ставот дека доколку овој пратенички состав гласа за уставните измени, тој ќе замине од политиката. Останува на барањето за предвремени парламентарни избори бидејќи, како што вели, народот е против оваа влада.

Викторија Милевска