Енергетска криза

Битиќи: Додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија

24.09.2022 15:17

Додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Нагласи дека согласно законот, компанијата мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди парно греење...

Додека не се избере нов економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија кон граѓаните, рече вицепремиерот за економски прашања Битиќи. Нагласи дека согласно законот, компанијата мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди парно греење. За топланите Исток и Запад, вицепремиерот со став дека процесите мора да бидат согласно законот и дека закупот е легитимна алатка.

Граѓаните и 70 илјади компании коишто се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март наредната година. Се прават сите напори за да се обезбедат суровини за доволно производство на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар и тоа е обезбедено, рече Битиќи. Преостанува делот на слободен пазар во којшто владата ќе интервенира, иако не е својствено кога има слободен пазар, додаде Битиќи. Најави дека наредната недела ќе се има конкретно сознание што е она што владата ќе го понуди на стопанството.

Вицепремиерот Битиќи најави нов пакет мерки за справување со економската криза за ранливите категории на граѓани.

Ана Јосифоска Тодоровска