„Четврток“ на Манчевски во трка за Оскар

22.04.2014 10:29

„Четврток“ е снимен во Њујорк во 2013 година, а беше премиерно прикажан на отварањето на Венецискиот филмски фестивал на 28-ми август истата година...

Краткометражниот филм  „Четврток“ на Милчо Манчевски, влезе во финалето на американските квалификации за учество во трката за Оскар. Филмот како американска продукција, ќе учествува на државниот натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на „УСА филм фестивал“, во Далас, Тексас.

„Четврток“ е снимен во Њујорк во 2013 година, а беше премиерно прикажан на отварањето на Венецискиот филмски фестивал на 28-ми август истата година, како дел од програмата „Venice 70 - Future Reloaded“.

Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли,  монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев- Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.