Повеќе од заслужено!
Во 10-те минути кога црвено-црните шутери, никако да постигнат гол, ”Диви“ успеа да ја неутализира црвено-црната аномалија и истовремено германците. Флензбург победи, но Вардар има и тоа како, активен резултат за саботниот пеколен реванш во арената Борис Трајковски...

19-те одбрани на Петар Ангелов и тоа одбрани кога најмногу беше потребно, го сместија вардаровиот голман во шампионскиот ¼ финален викеннд тим.
Во 10-те минути кога црвено-црните шутери, никако да постигнат гол, ”Диви“ успеа да ја неутализира црвено-црната аномалија и истовремено германците. Флензбург победи, но Вардар има и тоа како, активен резултат за саботниот пеколен реванш во арената Борис Трајковски.
Седморката заедно со Ангелов која го комплетира супер тимот се, левото крило на Рајен Некар Ловен, Геншајмер, левиот бек Илиќ од Веспрем, средниот бек Палмарсон од противничкиот тим на Металург, Кил. Бековската линија на десната страна ја надополнува уште еден играч на Веспрем, Наќ, а пикерската и десната крилна позиција ја комплетира триото на третиот германски тим меѓу осумте, Мирхол, односно Грецки од Рајен Некер Ловен.
Свој човек вардарци имаат и во топ петката на атрактивни погодици каде влегува, Матјаж Брумен.
