Северна Кореја
Истрелана балистичка ракета, Сеул на итен состанок
25.09.2022 10:42
Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг.

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег. Пробата се случува во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.
Јужнокорејската војска соопшти дека станува збор за проектил со краток дострел, истрелан од областа Таехон во провинцијата Северен Пјонгјанг.
Проектилот прелетал околу 600 километри на височина од 60 километри. Советот за национална безбедност на Јужна Кореја одржа итен состанок.
