Парламентарни избори во Италија, фаворит лидерката на десницата
Фаворит е Џорџа Мелони, лидерка на партијата „Браќа на Италија“. Таа е дел од десничарскиот сојуз во кој се вклучени и Лига на Салвини, Форца Италија на Берлсукони и еден помал коалициски партнер.

Парламентарни избори во Италија. Големи се шансите за победа на десничарската коалиција со што земјата би ја добила првата премиерка.
Фаворит е Џорџа Мелони, лидерка на партијата „Браќа на Италија“. Таа е дел од десничарскиот сојуз во кој се вклучени и Лига на Салвини, Форца Италија на Берлсукони и еден помал коалициски партнер.
Главниот опонент на Мелони е поранешниот премиер Енрико Лета, 56-годишниот лидер на Демократската партија, најголемата италијанска струја на левиот центар.
Вонредните избори се организираа по оставката на премиерот Марио Драги во јули.
