Македонија

Крушево: Туристичката понуда збогатена со планински велосипедски патеки

25.09.2022 14:35

Крушево е центар на авантуристичкиот туризам, етаблиран во европски и светски рамки. Туристичката понуда ја збогати и со професионални, од странски експерти, изградени планински велосипедски патеки. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тоа ќе го стави во виртуелната понуда во странство...

Крушево ги доби првите професионални, според меѓународни стандарди патеки за планински велосипедизам. Изградени со експерти од Швајцарија патеките во должина од 4,6 километри ќе ја збогатат туристичката понуда на авантуристичко Крушево. За брзо може да се стават во фунција веќе мапираните уште 40-тина километри.

Агенција за промоција и поддршка на туризмот Крушево го гледа како центар на аватуристичкиот туризам. Ќе биде дел од виртуелната понуда во странство.

Македонските велосипедисти преку крос-кантри трка ја направија оценката на патеките. Ова е почеток на друга страна на туристичката понуда во Крушево.

 

Елизабета Митреска