РУСКО-УКРАИНСКИ КОНФЛИКТ

Лавров го обвини Западот за „русофобија“

25.09.2022 13:20

„Западните сили не се двоумат да ја објават својата намера не само да и нанесат воен пораз на Русија, туку и да ја уништат“, тврди рускиот министер за надворешни работи Лавров. Претседателот Владимир Путин потпиша пакет амандмани на кривичниот закон за служење војска...

„Западот шири русофобија, целта е да се порази и уништи Русија, а со референдумите на украинските територии, локалните жители ја враќаат земјата која со векови била на нивните предци“, дел од пораките на обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Генералното собрание на ОН.

„Денес се одредува иднината на светскиот поредок. Прашањето е дали ќе на чело ќе стои хегемон со злобни правила од кои само тој ќе има добивка, или ќе имаме демократски, праведен свет без уцена и страв, без непознато, неонацизам и неоколонијализам? Ние го избравме второто“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Поради зголемениот број на Руси кои бегаат поради мобилизацијата, претседателот Владимир Путин потпиша пакет амандмани на Кривичниот закон за служење војска. Војниците кои доброволно ќе се предадат на фронтот се соочуваат со затворска казна и до 10 години по враќањето дома. Оине што ќе побегнат од ропство и се вратат во единицата нема да подлежат на казна. Деценија зад решетки ќе мине и секој што одбива да учествува во вооружени пресметки, како и дезертерите. Законодавците додадоа и дефиниции за „мобилизација“, „воен суд„ и „ војна“’.

Во Москва и други градови продолжуваат протестите против одлуката на Кремљ.. Украинскиот претседател Зеленски на руски јазик им се обрати на потенцијалните регрути.

„Криминалната мобилизација со причина ја нарекоа „гробаризација“. Руските власти одлично разбираат дека ги праќаат своите граѓани во смрт. Руските командири не се грижат за животите, тие сакаат само да ги пополнат испразнетите места на убиените, ранетите, дезертерите или заробените руски војници“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Официјален Брисел апелира – Европа да ги отвори границите за Русите кои одбиваат да се борат на фронтот.

Маја С. Филдишев