Партиски реакции по обраќањето на Ковачевски во Обединетите нации
ВМРО-ДПМНЕ обраќањето на премиерот во Обединетите го оцени како скандалозно. Ниту еднаш, како што велат, не кажал Македонија, а 14 пати го спомнал името Северна. Владејачката партија со став-додека СДСМ води државнички политики за граѓаните, гледаме опструкции и блокади од криминалната ВМРО-ДПМНЕ…

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обраќањето на премиерот Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации. Од партијата го оценија говорот како скандалозен бидејќи како што велат, никаде премиерот не ги спомнал зборовите Македонци и македонски, додека името Северна го употребил 14 пати.
Од СДСМ возвратија дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица работат против евроинтеграцискиот процес на државата, во време кога како што велат имаме 45% усогласено законодавство со ЕУ, имаме преговарачка структура, главен преговарач, со реална цел до 2030-та година да бидеме полноправна членка на Унијата. Според партијата, опструкциите на Мицкоски се поради бизнис интереси.
Од СДСМ порачаа дека нема да дозволат блокади, а државата ќе продолжи по европскиот пат.
Викторија Милевска
