Сообраќај

МВР: 275 санкции за брзо возење

25.09.2022 17:10

Осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 122 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 122 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.