Интервју

Ковачевски за МТВ: Силата е во заедништвото, од нас зависи колку брзо ќе се движиме кон ЕУ

25.09.2022 17:50

Во интервју за МТВ, премиерот Ковачевски говори за предизвиците со кои се соочува државата – скринингот на ЕУ, економската и енергетската криза, оставката во владата...

Силата на заедништвото е едниствениот начин за продолжување напред во попросперитетна иднина за сите граѓани- премиерот Ковачевски за МТВ од седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Вели со компромисите што ги направивме потвдивме дека тоа е вистинскиот пат за остварување на интеграциските процеси. Премиерот говори и за предизвиците со кои се соочува државата – скринингот на ЕУ, економската и енергетската криза, оставката во владата. Стојан Трпчевски разговараше со претседателот на владата, Димитар Ковачевски.