Временска прогноза
Претпладне облачно, попладне дожд
26.09.2022 08:25
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец...

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
